ко-основачка на Логомотива и логопед
Сања Јакимова
Сања е лиценциран логопед и јога учителка, која со внимателен, холистички, индивидуален и стратегиски пристап им помага на сите клиенти да го развијат својот глас, говор, јазик и да комуницираат со сигурност. Од првите говорно – јазични нивоа до усовршување на комуникациските способности, Сања го следи и поттикнува развојот на гласот, говорот, јазикот, читањето и пишувањето кај сите возрасни групи. Таа верува дека секој глас има своја приказна, која вреди да биде слушната.

ко-основачка на Логомотива и логопед
Марија Ристеска
Марија е специјалист-клинички логопед, која преку имплементирање на најсовремените логопедски техники, се стреми кон постигнување на најдобрите можни резултати. Карактеристичниот пристап, исполнет со неизмерна трпеливост, љубов и разбирање за секое лице со говорно-јазично нарушување е нешто што ја прави сакана од страна на пациентите од сите возрасни групи. Таа верува дека истрајноста, вербата и индивидуалната поддршка се предуслов за успешна говорно- јазична терапија и истите претставуваа клуч кон успехот.

специјален едукатор
Тања Николовска
Тања е специјален едукатор и рехабилитатор, која сака да создаде позитивна средина за сите. Таа е позитивна личност која е полна со љубов. Се стреми кон постигнување на целосниот потенцијал кај индивидуите. Секогаш се обидува учењето да биде забавно и преку игра. Пред сè, Тања верува во моќта на трпението, емпатијата и охрабрувањето за да инспирира раст и да изгради самодоверба кај секоја индивидуа со која работи.

Психолог
Ана Дојчиновска
Ана е дипломиран психолог која со љубопитност и топлина го следи развојот на децата во училишна средина и приватна пракса. Креира индивидуален пристап за родителите и децата успешно да ги надминат предизвиците, да учат со радост и да веруваат во себе. Воедно е и јога учителка која верува во моќта на движењето, играта и природата за раст и развој. Ана обожава авантури, смеа и детски лудории – бидејќи секое дете заслужува да расте со радост.

