Програми и работилници


За Логомотива
Возот на говорот тргнува од тука
Во Логомотива веруваме дека квалитетот на комуникацијата е директно поврзан со квалитетот на животот. Секој заслужува можност да се изрази јасно и самоуверено, без разлика на возрастa или предизвиците со кои се соочува. Затоа сме посветени на обезбедување персонализирани услуги за говорна – јазична терапија за поединци од сите возрасти, третирање на широк спектар на нарушувања на говорот и јазикот.

Услуги
Логопедски преглед и третман
Нудиме стручни логопедски проценки со цел да се идентификуваат предизвиците во вербалната комуникација, да се постави точна дијагноза и да се изготви соодветна програма за отпочнување на логопедски третмани.
Дефектолошки преглед и третман
Вршиме проценка на образовните потреби, ги идентификуваме силните страни и предизвиците и изготвуваме индивидуални образовни планови. Нашите стратегии за поддршка им помагаат на децата да ги развијат своите вештини, да ги постигнат целите и да напредуваат во училиштето и надвор од него.
Психолошко советување
Нудиме професионално советување за поддршка на менталното здравје, справување со секојдневните предизвици и поттикнување на личниот развој. Нашиот пристап е полн со разбирање, доверлив и прилагоден за вашите потреби.
Програма за училишна подготовка
Структурирана тримесечна програма наменета за подготовка на децата за успешен училишен почеток. Се фокусираме на рана писменост, социјални вештини и самостојност, помагајќи им на децата со самодоверба да преминат во училишната средина.
Работилници
Нудиме забавни работилници со различни теми – од комуникација и креативност до решавање проблеми, тимска работа и јога за деца. Секоја работилница е интерактивна, практична и прилагодена за потребите на учесниците.
Online логопед
Онлајн логопедските сесии овозможуваат професионална поддршка во говорот и јазикот од удобноста на вашиот дом. Преку видео-консултации, логопедот работи индивидуално со децата и возрасните, нудејќи стручна проценка, вежби и насоки за напредок.
Блог
Совети и идеи од светот на говорно – јазичната патологија, специјалната едукација и психологијата.
Тука ги споделуваме сите наши професионални мисли, истражувања и корисни совети – за теми од логопедијата, специјалната едукација и психологија, со цел да помогнеме и инспирираме.

Вежби за елевација (подигање) на врвот на јазикот
Подигнувањето на врвот на јазикот е способност да се подигне врвот[…]

Вежби за затворање и заоблување на усни
Затворањето на усните (исто така познато како запечатување на усните) е[…]

Како се учиме да пиеме од сламка?
1. За почеток, пресечете обична сламка на половина. Не само што[…]
Зошто чекате?
Секој изгубен ден во чекање е ден кој може да биде искористен за посветена работа и сигурен напредок. Започнете го процесот уште денес!
Искуства

Вистински пример за како треба да се работи со деца. Прекрасни луѓе, многу пријатна атмосфера и одлични резултати, што на крајот е најважно. Препорачувам секому, 10/10
Виктор бучковски

Одлично искуство.
Посветени вработени и преубава енергија и простор.
Исидора ристов

Пресреќни дечиња, прекрасна атмосфера и брзи резултати.
Топло ги препорачувам на сите!
тамара димов

They have a very nice, lovely and understanding attitude towards children, it’s not just in learning but also in understanding of their feelings, empathy, working in group etc. just well done!
Kind recommendations for this team
фани ацовска
Контакт
Секој изгубен ден во чекање е ден кој може да биде искористен за посветена работа и сигурен напредок. Започнете го процесот уште денес!
