Затворањето на усните (исто така познато како запечатување на усните) е способност да се затворат усните околу лажица, сламка, чаша итн. Исто така е важно за да се изговорат одредени говорни гласови, како што се /п/, /б/, /м/, и е фактор за спречување на лигавење. Често при работа со деца кои имаат некој од синдромите за кои е карактеристично лигавењето, родителите прашуваат дали има нешто што може да направи за да се намали лигавењето. Една од првите работи што ги проверувам кај деца кај кои е присутно лигавењето е дали детето има затворање на усните или не. Често децата не ги затвораат усните и не можат да го сторат тоа по наредба, па јас ги допирам со вибраторна орална моторна алатка (која може да помогне да се изгради орален тонус и да се подобрат различните говорни, сетилни вештини и вештини за хранење) за нивните усни околу 2-3 секунди и ете ги – веднаш усните им се затвораат. Чекам неколку минути и ја повторувам стимулацијата и усните повторно се затвораат. Само треба тој дополнителен сензорен влез за да бидат свесни за нивните усни за да ги затворат. Понекогаш едноставно такво стимулирање ќе предизвика затворање на усните. Друг пат можеби ќе треба да вежбате дополнително додека концептот не се „залепи“ или додека тие немаат орална моторна вештина да го направат тоа. Навистина зависи само од детето. За понатамошното вежбање на затворање на усните, еве една од моите омилени вежби за дома за која ќе ви биде потребно лижавче:
1. Ставете го лижавчето веднаш во устата на детето. Нека го проба лижавчето за момент.
2. Потоа наложете му на детето да ги затвори усните преку лижавчето (за бонбоната да биде внатре во устата).
3. Нежно повлечете го лижавчето и наложете му на детето да ги држи затворени усните. Кажете му: „не дозволувај да го извадам!“
4. Направете околу 10 нежни влечења. Потоа дајте им шанса да проголтаат. Потоа повторете уште два пати. Користете ја другата рака за да ја поддржите брадата/вилицата доколку е потребно.
Оваа вежба со лижавче за „војна со влечење“ помага да се поттикне јачината на усните, затворањето и заоблувањето. Не заборавајте да му објасните на детето што ќе правите пред да го направите тоа. Ако оваа вежба е премногу тешка, а дополнително детето има потешкотија со изговор на одредени гласови или има проблем со лигавење, обратете се на логопед.
Затворањето на усните (важно за говорните гласови /б/п/м/) и заокружување на усните (важно за говорните гласови /о/у/ш/ж/ч/џ) се значајни вештини за градење на артикулативно чист говор. Затоа доколку вашето дете има потешкотија со овие вештини обратете се кај логопед, а тој со сигурност ќе ви даде и забавни вежби за дома со цел вашето дете да ги совлада вештините и да се забавува во процесот.

